G13
АНАЛИЗА НА ВЛИЈАНИЕТО НА ТИПОТ НА КОНТРОЛА НА ЛЕВИТЕ СВРТУВАЊА ВРЗ БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ НА СЕМАФОРИЗИРАНИТЕ КРСТОСНИЦИ ВО СКОПЈЕ
IMPACT ANALYSIS OF THE TYPE OF LEFT TURN CONTROL ON TRAFFIC SAFETY AT SIGNALIZED INTERSECTIONS IN SKOPJE
Даниел Павлески
Павлески, Д., (2014). АНАЛИЗА НА ВЛИЈАНИЕТО НА ТИПОТ НА КОНТРОЛА НА ЛЕВИТЕ СВРТУВАЊА ВРЗ БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ НА СЕМАФОРИЗИРАНИТЕ КРСТОСНИЦИ ВО СКОПЈЕ. 9. Међународна Конференција - Безбедност саобраћаја у локалној заједници, Зајечар.
Резиме: Крстосниците претставуваат локации со голема концентрација на сообраќајни незгоди. Во повеќето држави во Европа 40 – 60 проценти од вкупниот број на сообраќајни незгоди се случуваат на крстосниците. Начинот на контрола на левите свртувања на семафоризираните крстосници е еден од факторите кои влијае на нивото на безбедност во сообраќајот на истите. Во Скопје постојат три типови на леви свртувања на семафоризираните крстосници и тоа: леви свртувања кои се опслужуваат во иста фаза заедно со правите движења од спротивната насока, леви свртувања кои се опслужуваат во посебна фаза и леви свртувања кои се опслужуваат во комбинација од претходните два типови на контрола. Во трудот ќе биде извршена анализа на податоците за случените сообраќајни незгоди на одредени семафоризирани крстосници и ќе биде анализирана нивната поврзаност со различните типови на контрола на левите свртувања со цел да се идентификува влијанието на истите врз безбедноста во сообраќајот на семафоризираните крстосници.

Кључне речи: лево свртување, контрола на крстосници, сообраќајни незгоди, безбедност во сообраќајот

Abstract: Intersections are locations of high road traffic accident concentration. In most European countries 40 - 60 percent of the total number of road traffic accidents occurs at intersections. The type of left turn control at signalized intersections is one of the factors which have impact on the traffic safety level of the intersections. Three types of left turn control exist in the City of Skopje, which are as followed: left turns which are served in the same signal phase as the straight through movements from the opposite direction, left turns which are served in a separate phase and left turns which are served as a combination of the two previous types of left turn control. In this paper data analysis of road traffic accidents occurring at certain signalized intersections will be performed and their relationship with the different types of left turn control will be analyzed in order to identify their impact on road traffic safety at signalized intersections.

Keywords: left turning, intersections control, traffic accident, traffic safety

Рад је изложио/-ла:


Поштовани, уколико приметите грешку на интернет страни (неисправни или погрешно усмерени линкови, неусаглашеност података и сл.) молимо Вас да обавестите администратора интернет странице на адресу admin@bslz.org.
ПРЕУЗИМАЊА


Назад
Decade of Action for
Road Safety 2011-2020