H06
Tweet
ОДНЕСУВАЊЕТО НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ И НИВНИТЕ ОДЛУКИ ПРИ СПРАВУВАЊЕ СО РАЗЛИЧНИ СООБРАЌАЈНИ СИТУАЦИИ
THE BEHAVIOR OF ROAD USERS AND THEIR DECISIONS WHILE DEALING WITH VARIOUS TRAFFIC SITUATIONS
Ile Cvetanovski, Cvetanka Cvetanovska, Verica Danchevska
Cvetanovski, I., Cvetanovska, C., Danchevska, V., (2017). Однесувањето на учесниците во сообраќајот и нивните одлуки при справување со различни сообраќајни ситуации. 12. Међународна Конференција - Безбедност саобраћаја у локалној заједници, Тара.
Резиме:
Традиционалниот пристап при истражување на безбедноста во патниот сообраќај ја опишува сообраќајната незгода како неуспешен обид да се справиме со перцептивните и моторните способности кои како возачи ни се неопходни за безбедно да управуваме со моторно возило. Затоа, главната задача беше да се развие стратегија за подобрување на вештините на возачите и да прилагодување на околината согласно побарувачката на патната мрежа.
Сепак, во изминатиот период дојдовме до заклучок дека не секогаш проблемот е во фактот што возачот може или не може да направи, туку всушност е неговата одлука како да постапи и изреагира во одредена ситуација. Суштината овде е да се разбере што е тоа што ги мотивира возачите да реагираат или да не реагираат во дадена ситуација, која би ги ставила во опасност себеси а и другите учесници во сообраќајот.
Низ годините сведоци сме дека постојано се развиваат кампањи од различен карактер кои се обидуваат да го променат однесувањето на учесниците во сообраќајот, иако од нив имаат многу мало или никакво влијание со оглед на постојаниот раст на жртвите во сообраќајните незгоди. Единствен заклучок од сите реализирани кампањи е сознанието дека вложените средства за развивање на тие кампањи би можеле да бидат подобро вложени и потрошени. Во овој труд ќе ги анализираме и дискутираме причините за потфрлување на овие кампањи, како резултат на употреба на говорот во тие кампањи кој не ги разработува психо-социјалните процеси кои се јадрото на бихејвиоризмот (однесувањето).
Кључне речи:
сообраќајно однесување, психолошки пристап, патен сообраќај
Abstract:
Тhe traditional approach taken in road safety research has been to view accidents as a failure to cope with the perceptual motor skills required for a safe journey. The task was therefore to increase driver's skills and to modify the environment. However, in recent years, it has been found that the problem does not always lie in what the driver can or cannot do but what he/she actually decides to do. The crucial issue is therefore to understand what motivates drivers to commit an act, which puts both themselves and others at risk. Different campaigns have been developed trying to change peoples’ behaviour although some of them have had little or no effect. One conclusion drawn from this could be that money could be better spent. However, in this presentation we will argue that the reason for this failure is that the programmes are poorly developed and use a language which does not address the psycho-social processes underlying the behaviour.
Keywords:
traffic behaviour,psychological approach, road transport
Рад је изложио/-ла:
Поштовани, уколико приметите грешку на интернет страни (неисправни или погрешно усмерени линкови, неусаглашеност података и сл.) молимо Вас да обавестите администратора интернет странице на адресу
admin@bslz.org.
ПРЕУЗИМАЊА
Рад
Број
преузимања
237
Назад